Вести
Тачи: Ќе објавам јавно како и кој од ДУИ го молеа Мицкоски да влезат во Влада
Лидерот на ДПА Мендух Тачи на гостување во ТВ21, рече дека се кае што влегол во Европскиот фронт. Тој го нападна лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека не си го одржал зборот.
Меѓу другото Мендух Тачи истакна дека ги знае деталите за тоа како ДУИ го молеле Мицкоски да влезат во Владата.
– Вечерва ќе одам до тука. Ако отворат уста, уште еден збор, тогаш на следниот јавен настап ќе кажам колку пати го молеа Мицкоски. Кој го правеше тоа, со имиња и презимиња, бизнисмени од Скопје, луѓе од Албанија, колку се поклониле, како се согласиле да влезат во Владата дури и без Претседател на парламентот, истакна Тачи.
септември 23, 2025