Connect with us

Економија

Програмата на Агенцијата за иновации, научно технолошки развој и претприемништво ќе биде достапна за корисниците од јануари идната година

Агенцијата за иновации, научно технолошки развој и претприемништво – ИНОВА,  ја подготвува програмата која ќе биде достапна за корисниците од јануари, идната година, информираше денеска директорката на Агенцијата, Даниела Димовска од Куманово.

Периодов, претставници од Агенцијата сѐ на терен и се среќаваат со претставниците и од бизнис заедницата и од науката, за да понудат програма, која ќе се темели на барањата на корисниците и да понудат технологии и иновации потребни за раст на компаниите.

– Денеска сме во посета на „Бучен Козјак“ Куманово, компанија која е пример за квалитет и традиција. Како Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво, тука сме да им помогнеме на компаниите во нивниот раст и развој преку нови технологии и иновации. Разменивме многу идеи за меѓусебна соработка. Целта на нашата посета е што постојано сме на терен помеѓу бизнис заедницата и компаниите, бидејќи сакаме да ги извлечеме проектите што сами ќе ги понудат да добијат и реални проекти кои ќе влезат во програмата на нашата институција за следната година, изјави Димовска.

Програмата е во фаза на подготовка, и од 1 јануари идната година, корисниците, компаниите ќе можат да ја имплентираат. Како што објасни Димовска сѐ што е во надлежност на институцијата ќе влезе во програмата.

– Со оглед на тоа што го констатиравме на терен сметаме дека навистина на нашата држава ѝ беше потребна креирање на една ваква институција, со цел да им се даде една реална поддршка на компаниите. Новата Агенција е формирана со спојување на две институции Агенцијата за поддршка на претприемништвото и Фондот за иновации и технолошки развој, сите занеме какви активности спроведуваат двете институции, но сметаме дека овој пат, навистина треба да се даде сериозен пристап и затоа ја креиравме оваа нова институција, изјави Димовска.

И новоформираните компании, можат да се надеваат на поддршка од Агенцијата.

– Преку оперативниот план на Владата и поддршката за самовработување, сите кои сакаат да основаат сопствен бизнис, ќе стоиме зад нив, за нивна помош, од самото почнување до крај. Нема да бидат оставени, ќе ги водиме низ целиот процес, со цел да направиме успешни бизнис, рече Димовска.

Како што потенцираше, таа, не е само поентата да се додели грант, туку е потребна и советодавна помош за креирање на успешен бизнис. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2