Connect with us

Економија

Николоски пред француските бизнисмени ги презентираше можностите за отпочнување и унапредување на значајни инфраструктурни проекти

Унапредувањето на економската соработка меѓу Република Македонија и Француската Република беше тема на разговор на денешнатаа средба во Скопје меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер.
 
На средбата, информираат од Министерството за транспорт,  присуствуваа и претставници на бизнис заедницата на Француската Република пред кои беа презентирани можностите за отпочнување и унапредување на значајни инфраструктурни проекти од стратешка важност за државата.

На средбата беа потенцирани добрите билатерални односи меѓу двете земји, а беа разменети мислења и ставови за политичките и економски прашања во земјава и регионот.
 
Вицепремиерот Николоски ги претстави развојните планови на Владата и планираните инфраструктурни проекти, особено проектите кои имаат регионално значење и со кои се придонесува за забрзан економски развој на земјите од регионот.