Connect with us

Вести

Македонската полиција се ребрендира, МВР ги повикува сите заинтересирани компании да учествуваат на тендерот

Министерството за внатрешни работи (МВР) објави тендер за нови униформи за замена на старите, непрактични и нефункционални униформи со нови, модерни, квалитетни и функционални по терк на европските полиции.

-Министерството во процесот кој е целосно транспарентен и одговорен, оствари технички дијалог со дури 13 заинтересирани компании при што беа земени во предвид сите сугестии и предлози. Министерството апелира на тендерот да се јават сите заинтересирани компании и во  утврдените рокови да може да се промовира новата, модерна, квалитетна и функционална униформа за оние кои се грижат за безбедноста на македонските граѓани. Македонската полиција заслужува да биде модерна и функционална европска полиција, соопшти МВР.

Новата униформа, се вели во соопштението, во себе ќе содржи елементи како виндјакна,  теренска јакна, теренски панталони летни и зимски,  кошули со кратки и долги ракави, капи, маички, чевли со потенок и подебел ѓон и високи зимски и летни тактички чизми.

Тендерот е објавен на електронскиот систем за јавни набавки на следниот линк: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/a61cf1a0-5c40-4c78-b556-6d09a87ae0fa/1 и на него можат да учествуваат сите заинтересирани компании.