Connect with us

Сервисни информации

Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата за пиење во Скопје е безбедна и квалитетна, потврдува неделниот лабораториски извештај на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Според анализите спроведени од Секторот за санитарна контрола во периодот од 15 до19 септември, сите испитани примероци одговараат на стандардите утврдени со Правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Во наведениот период биле земени 216 примероци за физичко-хемиска и 216 примероци за микробиолошка анализа од 49 различни мерни места низ градот.

Резултатите покажуваат дека ниту еден примерок не отстапува од пропишаните норми, што значи дека скопјани можат без грижа да ја користат водата од градскиот водовод.