Хроника
Лишен од слобода маж од скопско Кондово поради палење возило, одреден му е притвор

Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода А.Г.(35) од село Кондово, скопско, под сомнение дека истиот ден околу 09:00 часот со употреба на бензин намерно запалил патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ш.Ѓ. (51), исто така од Кондово.
Како што соопшти денеска МВР, против лицето А.Г. е поднесена кривична пријава за предизвикување општа опасност согласно член 288 од Кривичниот законик, а од страна на судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.
септември 22, 2025