Connect with us

Формула 1

Верстапен ја освои пол-позицијата во Азербејџан

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во денешните квалификациите за Големата награда на Азербејџан.

Четирикратниот светски шампион го извози својот најдобар круг 1 минута 41,117 секунди. 

Карлос Сајнц од Вилијамс заврши втор со 0,478 секунди зад холандскиот возач.

Лиам Лосон од Рејсинг Булс утре ќе тргне од третата стартна позиција.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за ГН на Азербејџан ќе се одржи утре во Баку со почеток во 13 часот.