Connect with us

Ракомет

Гркинките го напуштија „Трофеј Македонија“ поради вирусна инфекција

Ракометната Федерација на Македонија ја информира  спортската јавност дека женската ракометна репрезентација на Грција нема да го продолжи своето учество на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“.

– Причина за ваквата одлука е вирусна инфекција која зафати дел од ракометарките на грчкиот национален тим. Македонската ракометна федерација им посакува брзо закрепнување на ракометарките од Грција, и упатува искрена благодарност за нивното учество и придонес кон турнирот, стои во објавата на РФМ.

На турнирот, покрај македонката учествуваат и репрезентациите на Египет и на Тунис