Connect with us

Фудбал

Чаби Алонсо израмни подвиг на двајца тренери на Реал

Тренерот на Реал Мадрид го израмни подвигот на Хозе Квиранте и Вандерлеј Луксембурго со победата во своите први пет натпревари во Ла Лига.

Реал Мадрид победи на пет натпревари под водство на Квиранте во сезоната 1928/29, а под водство на Луксембурго во сезоната 2004/05.

Реал Мадрид со максимални 15 бода е по петте победи на почетокот на сезоната е лидер на табелата во Шпанското фудбалско првенство. 

„Кралскиот клуб“ вчера го совлада Еспањол со 2:0 во 5. коло на Ла Лига.