Фудбал
Вулверхемптон го продолжи договорот со тренерот Переира

Португалскиот стратег Витор Переира го продолжи договорот со Вулверхемптон ќе остане на тренерската клупа до крајот на сезоната 2028/29, потврди денеска англискиот прволигаш.
Переира (57) дојде на местото на Гери О’Нил минатиот декември, првично потпишувајќи со Вулверхемптон договор на 18 месеци.
По воведните четири кола од новата премиерлигашка сезона, Вулверхемптон нанижа четири порази и се наоѓа на последното место на табелата.
„Сега е време за стабилност. На Витор му треба време да работи со тимот и да изгради односи со играчите во составот. Ќе направиме сè што можеме за да го поддржиме бидејќи има позитивно влијание врз тимот“, рече претседателот на клубот Џеф Шеј.
Вулверхемптон в сабота го пречекува Лидс во рамки на 5 коло во Премиер лигата.