Култура
Во штипски „Безистен“ отворена изложба посветена на познатиот српски архитект и уметник Богдан Богдановиќ

Во уметничката галерија „Безистен“ во Штип денеска е отворена изложбата посветена на 100-годишнината од раѓањето на познатиот српски архитект и уметник Богдан Богдановиќ. Историчарот Маре Јанакова Груиќ од Белград рече дека изложбата не е само културен настан, туку и потсетник на ослободувањето од фашизмот и победата над злото во Втората светска војна. Таа ги покани штипјани и сите заинтересирани да ја видат изложбата, која има големо значење за Штип.
– Ја отвораме изложбата, која е посветена 100-годишнината од раѓањето на Богдан Богдановиќ. Изложбата има поширок контекст и е посветена на ослободувањето од фашизмот и победата од Втората светска војна, и пред се обрнуваме внимание на штипскиот меморијал, кое е едно познато дело на Богдановиќ, кое оставило трага во штипската културна јавност, вели Груиќ.

Изложбата ќе биде отворена до 4 октомври, а програмата ќе биде богата, пропратена со работилници за деца, на кои што тие ќе имаат можност да научат за културното наследство и за историјата на Штип.
– На тие работилници, децата ќе имаат можност да научат што е тоа наследство, односно што е тоа културно наследство, со таа поврзаност и идентитет, со таа поврзаност и што е идентитет, за историјата во Штип и секако креативно и ликовно да се изрази Богдан Богдановиќ, кој е бил познат по својата креативност. На изложбата ќе можеме да ги видиме сите негови архитектонски дела, како и неговите книжевни дела, вели Груиќ.
Инаку, Меморијалниот комплекс во Штип е дело на Богдановиќ и денеска сведочи за неговиот уникатен уметнички потпис и силното културно влијание што го оставил во регионот.
септември 20, 2025