Ракомет
Гарабаја: Мора да сме горди на овој тим

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер одигра квалитетен натпревар синоќа во Париз, а и покрај поразот од 27:33 битолчани прикажаа добра игра. Клучната разлика ПСЖ ја направи во последните минути од дуелот.
– Мора да бидеме горди на овој тим. Во соблекувална видов лути и тажни лица. Овие момци веруваа во чудо. Сега мора да гледаме на следниот натпревар и да се бориме. Никогаш нема да ги загубиме нашите надежи на секој дуел. Секогаш ќе веруваме во нас. Тоа го докажавме и на овој меч кога се вративме од висока негатива, изјави тренерот на битолчани Рубен Гарабаја.
За првакот нема одмор бидејќи веќе в недела ги очекува уште едно тешко гостување овојпат во дуелот од Супер лигата и дербито со Алкалоид во салата во Автокоманда во Скопје.
септември 20, 2025