Фудбал
Атлетико Мадрид би можело да добие американски сопственици

Шпанскиот фудбалски гигант Атлетико Мадрид би можел да има нови сопственици, јавија денеска медиумите во Шпанија.
Шпанскиот медиум „Експанзија“ ексклузивно објави дека сопствениците на Атлетико Мадрид се во финални преговори со американскиот инвестициски фонд „Аполо Глобал Менаџмент“, кој треба да стане нов мнозински акционер на клубот.
„Аполо“ ја проценува вредноста на клубот на 2,5 милијарди евра.
Сегашниот мнозински акционер на клубот е „Атлетико Холдко“, компанија која поседува повеќе од 70% од акциите. Компанијата е првенствено управувана од Мигел Анхел Хил, додека други акционери се американската фирма за приватен капитал „Арес Менаџмент“ и Енрике Серезо, претседателот на Атлетико. Останатите акции се во сопственост на „Квантум Пацифик“, британска компанија основана од израелскиот тајкун Идан Офер
септември 20, 2025