Connect with us

Култура

Велешкиот театар ќе ја изведе претставата „Синиот портокал“ првпат со нов актер – Благојчо Стојанов

Претставата „Синиот портокал“, едно од најзначајните и најизведувани дела последниве неколку години на Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ – Велес, ќе биде прикажана по 103-ти пат вечер во 20 часот на малата сцена на театарот. Во оваа изведба, улогата на Доктор Роберт, која длабоко и посветено ја носеше прерано починатиот актер Самоил Стојановски, ја презема Благојчо Стојанов,информираат од театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“.

Од театарот потенцираат дека промената доаѓа како симболичен чин на продолжување на неговото актерско наследство и како израз на почит кон неговиот придонес за велешкиот театар.

Покрај Стојанов, на сцената ќе настапат и актерите Фаик Мефаилоски и Жарко Спасовски, чии изведби се веќе проверен дел од силата на оваа претстава.

Претставата „Синиот портокал“, едно од најзначајните и најизведувани дела на Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ – Велес, а има добиено и награди на некои од фестивалите.Картите за претставата се  секогаш веднаш распродадени  и се бара карта плус.

Од театарот додаваат дека . психолошкиот трилер, под режија на Александар Ивановски  и овојпат ќе донесе интензивна сценска атмосфера и провокативни теми за психичкото здравје, етиката и општествените предрасуди.