Connect with us

Култура

Теракотните икони од Виничко Кале на изложба во Музејот на Херцеговина во Требиње

Теракотните икони од Виничкото Кале повторно излегуваат надвор од нашата држава. Утре поставка од овие икони ќе се најде пред публиката во Требиње, Босна и Херцеговина, информираат од Локалниот археолошки и историски музеј „Теракота“ од Виница.

Изложбата ќе биде поставена во Галеријата на Матичниот музеј на Херцеговина. Отворањето е закажано за 20 часот. 
Гостувањето во Требиње, БиХ, е дел од програмата за одбележување на јубилејот „40 години Виничко Кале – 40 години теракотни икони“ на музејот Теракота – Виница.

Во текот на минатата година во овој период теракотите од Виничкото Кале беа на изложба во Будва и Подгорица во Црна Гора, од каде потекнува интересот за нивно претставување и во БиХ.