Хроника
На жена од кочанско и зел 4000 евра ветувајќи и пензија, па ја прекинал комуникацијата со неа

На 17.09.2025 во 10:00 часот во Полициската станица Кочани, 61-годишна жена од кочанско пријави дека била измамена од П.Г.(59) од кочанско за сума од 4.000 евра.
Според пријавеното, во октомври 2020 година лицето ѝ ветило дека може со пријатели од Скопје, да направи таа да земе пензија.
Како што е пријавено, од тогаш до декември 2023 таа подготвила документација и во декември 2023 му ги дала парите.
Како што е пријавено, откако ги дала парите до декември 2024 година имале повремени контакти, по што престанал да одговара на нејзините повици и се посомневала дека е измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
септември 19, 2025