Connect with us

Хроника

ДЗС: Ставен под контрола пожарот над Морани

Ставен е под контрола пожарот, што избувна вечерва над скопското село Морани, во општина Студеничани.

Како што информира Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), пожарот се очекува набрзо да биде изгаснат.

– Упатени се екипи и противпожарните „пинцгауери“. Овие пожари генерално ги предизвикуваат дрвокрадци, изјави директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.