Connect with us

Општини

Деветмина кандидати за градоначалник на Струга и 10 советнички листи

Деветмина кандидати за градоначалник на Општина Струга и 10 листи за советници ќе учествуваат на локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври, потврди Општинската изборна комисија.

Во трката за градоначалник на Струга се Јована Мојсоска од Левица, Арсим Далипи од Националната алијанса за интеграција предводена од ДУИ, Љубе Петревски од Работничката партија, Роберт Милески од Демократи Скопје и Бесник Асани, Насто Палиоски, Менди Ќира, Игор Малески, Мирко Савески како независни кандидати.

Седум од советничките листи се на политички партии и коалиции, а три се независни.