Општини
Четворица кандидати за идната градоначалничка функција во Охрид, 11 советнички листи

Четворица кандидати ќе ја водат битката за градоначалничката функција во Охрид на претстојните локални избори закажани за 19 октомври.
Тоа се актуелниот градоначалникот Кирил Пецаков како кандидат на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Асен Шајн од СДСМ и Коалицијата, Гоце Цветкоски како незвисен кандидат и Стевче Стевоски како кандидат од Твоја партија.
Независниот кандидат Гоце Цветкоски учествуваше во изборниот процес за градоначалник како кандидат од ТМРО во 2021 година.
Кандидатот Стевче Стевоски од Твоја партија по трет пат влегува во трката за градоначалничката функција, откако во 2019 година беше кандидат од партијата Демократи, а на локалните избори во 2017 учествуваше како независен кандидат. На изборите во 2021 година Стевоски беше предводник на независна советничка листа.
Што се однесува до советот, поднесени се вкупно 11 листи за членови на советот на Град Охрид, седум од партии и четири независни листи.
Во Општина Дебрца на изборите на мегдан за градоначалничката функција ќе излезат петмина кандидати, од кои актуелниот градоначалник Зоран Ногачески како независен, како и Димче Андрески, додека партиските коалиции ги кандидираат Даниел Огненоски од ЛДП, Љупчо Паункоски поддржан од СДСМ и Златко Стојаноски кандидат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
За новиот состав на Советот на Општината поднесени се седум листи од кои две независни и пет поддржани од партиски коалиции.
септември 19, 2025