Connect with us

Општини

Бесплатен паркинг и автобуски превоз за концертот на Дино Мерлин на штипската „Пастрамалијада“

За концертот на Дино Мерлин, кој ќе се одржи утревечер на Градскиот стадион, а во рамки на манифестацијата штипска „Пастрамалијада“ за гостите организиран е бесплатен превоз и бесплатен паркинг.

Директорот на ЈП „Стипион“, Панче Стефановски вели дека ќе има бесплатен паркинг простор на повеќе локации во градот за сите посетители. Ќе бидат поставени и редари со цел да им помогнат на посетителите да се паркинг. Тој ги замолува сите гости да ги следат насоките од редарите, за да не се создаваат непотребни гужви.

Дополнително обезбеден е и бесплатен градски превоз за сите посетители. Гостите од другите општини ќе имаат можност да се паркираат и во приградските штипски населби, Три Чешми, Баби, Чардаклија, Ново Село, од каде ќе има автобуси кои ќе возат до центарот на градот. Исто така автобуси ќе има и од Општина Карбинци.

-Исто така ЈП „Стипион“ обезбеди беспалтен градски превоз кој ќе функционира во сабота вечер. Целта е сите посетители од страна да ги презема од подалечните дестинации и да ги превезува конкретно до позиции поблиску до настанот, вели Стефановски.

Автобуските линии се достапни и на фејсбук страницата на ЈП „Стипион“. Од претпријатието ги замолија сите корисници на јавниот превоз да имаат разбирање, бидејќи се очекува да има поголема гужва.

За време на манифестацијата „Пастрмалијада“ ќе бидат затворени дел од улиците околу Градскиот стадион во Штип, односно ќе има изменет сообраќаен режим.