Connect with us

Политика

Андоновска: ВМРО-ДПМНЕ инфраструктурно ја гради Македонија модерна, поврзана, напредна

Македонија со ВМРО- ДПМНЕ започна инфраструктурно да се развива, модернизира и трансформира. Инвестициите во патната инфраструктура се врвен приоритет на ВМРО-ДПМНЕ затоа и градиме нови автопати, експресни патишта, модерни коридори.

Со ВМРО-ДПМНЕ проектите не се веќе само хартија, тие се градат и реализираат на терен. Разликата меѓу нас и нашите политички противници е очигледна, а доказ за тоа е и пуштањето во употреба на експресниот пат Страцин-Крива Паланка со должина од 25,5 километри, со вредност од околку 100 милиони евра.

Во месец јуни со пуштањето во употреба на делницата Фариш-Дреново се комплетира делницата Градско-Фариш и се доби целина од 26 километри експресен пат во Коридорот 10д.

По речиси една деценија застој, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ пушти во употреба и две делници од автопатот Кичево-Охрид и тоа: Делницата Врбјани-Ботун во должина од околу 20 километри како и делницата од Климештани до Охрид во должина од 17 километри. Така што во рок од 2 месеци пуштивме за сообрајќај во активна употреба нешто повеќе од половина од целиот автопат, а до крајот на наредната година останува да се заврши целиот автопат.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ паралелно работи и на изградба на делницата Тетово–Гостивар-Букојчани во должина од околку 48 километри, како дел од паневропскиот Коридор 8, чијашто цел е патно поврзување на Деве Баир со Ќафасан. Како и на автопатот Прилеп-Битола во должина од 39,3 километри, кој е дел од Коридорот 10д. Изградбата на овие автопати е суштинска бидејќи истите се од витално значење за трговијата, безбедноста, а нивниот брз развој е од огромно значење за иднината на Македонија.

За реализација на вакви капитални проекти не е доволна само желба, потребна е визија, ангажираност, професионалност и истрајност. Македонија се гради чекор по чекор, делница по делница, проект по проект. Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе стане лидер во инфраструктура во регионот. Продолжуваме заедно, за модерна, поврзана и напредна Македонија.