Connect with us

Политика

Манасиевски: Мојсоска од Левица додека ги напаѓа колегите пратеници за патни трошоци, си инкасирала над 600 илјади денари за 4 години од партија

Мојсоска од Левица додека ги напаѓа колегите пратеници за патни трошоци, си инкасирала над 600 илјади денари за 4 години од Левица.

Лицемерието на Мојсоска и Левица не престанува, тие се тотално демаскирани.

Продаваат скромност и неподмитливост пред народот, а позади нивниот грб ги полнат сопствените џебови.

Мојсоска додека во Собрание ги напаѓа колегите зошто законски добиваат патни трошоци, таа од сопствената партија од 2021 година до денес, инкасирала над 600 илјади денари.

Врз кој основ ги добила Мојсоска овие пари? Дали овие пари се партиски патни трошоци? Колкаво е лицемерието на Мојсоска и Левица да од една страна ги напаѓа колегите пратеници, а од другата, од сопствената партија зема над 600 илјади денари?

Мојсоска и Левица се прочитани.