Култура
Концерт на македонската филхармонија во Гевгелија

Вечер во Народниот театар во Гевгелија Македонската Филхармонија ќе го одржи концертот „Бајка“ под диригентска палка на Ана Кондратенко, која ќе настапи и како солист на виолина.
Како што информираат од Тетарот од Гевгелија, концертот се одржува во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, а на програмата се повеќе познати дела.
Геледачите ќе ги слушнат „Чукни и влези“ од рускиот композитор Владимир Мартинов за оркестар и виолина во 6 става, и „Писма до пријателите“ од Гија Канчели, од Грузија.
Инаку, врвната виолинистка Анна Кондратенко, на овој концерт, покрај како солистка на виолина, ќе се претстави и како диригентка со Камерниот оркестар составен од членови на Македонската филхармонија.
септември 18, 2025