Свет
Августовската стапка на инфлација во ЕУ непроменета во однос на јули

Годишната стапка на инфлација во Европската Унија во август годинава изнесуваше 2,4 отсто, со што остана непроменета во споредба со јули, како и во однос на истиот месец лани, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат.
На ниво пак на Еврозоната, августовската стапка на инфлација била иста како и претходниот месец на ниво од 2,0 отсто, што претставува намалување за 0,2 процентни поени во споредба со август 2024 кога таа изнесуваше 2,2 проценти.
Најниска годишна стапка на инфлација минатиот месец од нула отсто е регистрирана во Кипар, по што следува Франција 0,8 и Италија со 1,6 проценти.
Највисока инфлациска стапка бележи Романија и тоа од 8,5 отсто, пред Естонија од 6,2 и Хрватска од 4,6 проценти.
Во споредба со јули 2025 година, августовската годишна стапка на инфлација се намалила во девет земји членки на ЕУ, во четири останала непроменета, а во 14 држави бележи зголемување.
септември 18, 2025