Општини
Мицкоски: Градежен бум во Јегуновце и решавање на проблемите на граѓаните

ЦПретседателот на Владата Христијан Мицкоски ја посети општина Јегуновце каде со градоначалникот Димитар Костадиноски направија увид во неколку инфраструктурни проекти. Прво ја посетија новоизградената градинка во Вратница, стадионот и центарот на Јегуновце и на крајот мега паркот во изградба во Сиричино.
енам дека ова денес што го видовме е навистина импресивно. Но, ова е само дел од тоа што Диме како градоначалник заедно со администрацијата, заедно со советниците, заедно со пратениците и од Јегуновце, но и од полошкиот регион го прават за Општина Јегуновце.
Во периодот којшто следи како што кажа и градоначалникот ќе имаме и уште дополнително проекти коишто ќе бидат финансирани од буџетот на државата, но истовремено и од буџетот на општината.
Очекувам овој градежен „бум“ да продолжи со што ќе се подобрат условите за живот, ќе се поткрене нивото и стандардот на граѓаните. Убеден сум дека само со посветена, чесна, напорна работа се постигнуваат резултати.
Се останато е политиканство. Ние не сме тука за да водиме политиканство, ние сме тука за да работиме за интересот на граѓаните.
Уште еднаш честитки до Диме како градоначалник и очекувам во следниот четири годишен мандат уште многу други, стотици проекти да бидат реализирани.“
септември 17, 2025