Сервисни информации
Август просечно топол и просечно врнежлив

Август годинава беше просечно топол и просечно врнежлив, со исклучок на многу врнежливото време во Крива Паланка и Гевгелија, во споредба со многугодишните просечни вредности 1991/20 година, информира УХМР.
Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици низ земјава, средномесечната температура се движеше од 16,9 степени во Лазарополе до 25,8 во Гевгелија. Споредено со просечните августовски средномесечни температури за триесетгодишен период (1991-2020), годинашната температура беше просечна на ниво на државата.
Највисоката максимална температура беше измерена на 11 август во Скопје – Зајчев Рид и изнесуваше 39,6 степени, а најниската минимална во Берово, на 27 август и изнесуваше 3,7 стпени.
Месечната сума на врнежи во државата се движеше од 23 mm во Скопје – Зајчев Рид до 101 mm во Крива Паланка. Врнежите беа од дожд и град. Максимално дневно количество на врнежи од 78 mm беше регистрирано во Крива Паланка на 5-ти во месецот.
Споредено со августовската просечна вредност за периодот 1991-2020 година, измерената месечна сума на врнежи беше близу просечната односно за 11 отсто поголема од просечната, на ниво на држава.
септември 17, 2025