Хроника
Агресивно се однесувал кон полициски службеници, приведен жител на демиркаписко село

Жител на демиркаписко село бил приведен откако го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници.
– Синоќа во 23:40 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го приведоа А.П., на возраст од 50 години од село Корешница, демиркаписко, затоа што на улица „Ацо Аџи – Илов“ во Неготино го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници, кои извршувале службени задачи, информираа од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, како што појаснија од СВР – Велес, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
септември 17, 2025