Connect with us

Хроника

Трагедија во Велес: Скопјанeц ги убил девојката и татко и, па се самоубил

Попладнево во семејна куќа на улица „Кочо Рацин“ во Велес се случила семејна крвава драма кога поранешен партнер со повеќе убоди од остар предмет ги убил поранешната партнерка и нејзиниот татко, а потоа се самоубил, нанесувајќи си убоди од остар предмет, информира попладнево од СВР Велес портпаролката Биљана Ѓаковска.

-Попладнево во 15:30 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул. „Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско лице со повреди од остар предмет. На местото на настанот излегоа полициски службеници и констатираа дека се работи за 31-годишната Р.К. од Велес, која од Итна медицинска помош е пренесена во болницата во Велес, каде што е констатирана смрт. Веднаш потоа, во домот на нејзиниот татко на истата улица, пронајден е починат и татко и 74-годишниот К.К , кој исто така, имал повреди од остар предмет. Во домот со повреди од остар предмет е пронајден и 39- годишниот И.С. од Скопје, поранешен партнер на Р.К., за кој, според првичните информации, постои сомнение дека ги нападнал двајцата, по што сам се повредил. Откако е пренесен во болницата во Велес и кај него е констатирана смрт, појасни Ѓаковска.

Увид на настанот врши јавен обвинител во содејство со увидна екипа на СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот, посочуваат од СВР Велес.

Според информацијата што ја даде д-р Ванчо Граматов, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, во Ургентниот оддел на Општа болница некаде по 16 часот било донесено женско лице. Лекарите се обиделе и направиле се’ да ја реанимираат повредената која била со повеќе убоди од остар предмет, но, таа за жал веќе била мртва. Потоа, кај нив било донесено и машко лице кај кое лекарите само констатирале смрт.

Инаку, кај таткото на девојката уште во неговиот дом била констатирана смрт од страна на медицинска екипа на Брза помош која била повикана на местото на крвавиот настан.