Свет
Салај-Бобровнички: Унгарија нема да избира помеѓу Исток и Запад

Унгарскиот министерот за одбрана Кристоф Салај-Бобровнички денеска изјави дека Будимпешта „нема да избира помеѓу Исток и Запад туку ќе бара врски помеѓу нив“ што ќе и овозможи на земјата простор за маневрирање и ќе биде основа за стратешките цели на Унгарија.
Тој истакна дека иако одбраната на Европа се заснова на НАТО, „европските земји сè уште помалку се плашат од своите вистински противници отколку од гневот на сегашниот претседател на САД“.
Европската безбедност е загрозена, не толку од личноста на американските лидери, колку од можноста европските земји да го изгубат својот стремеж да обезбедат сопствената одбрана, наведе Салај-Бобровнички.
Според него стратегијата на Европа мора да се гради врз „независност, приспособливост и поврзаност“.
– Унгарија е подготвена: и во НАТО и во ЕУ, цврсто го брани својот суверенитет, ги отфрла централизацијата и прекумерните регулативи, како и пристрасните критики што ја делат Европа. Оние во Источна Европа, кои сè уште немаат своја стратегија порано или подоцна ќе се борат во странски војни. Унгарската геостратегија не е дефинирана со гласни зборови, туку со внимателни и добро осмислени чекори, посочи Салај-Бобровнички.
Тој додаде дека „целта на Унгарија е јасна: Повторно да ја направиме Европа силна“.
Според него, Европа треба да се фокусира на своето проширување на Балканот, а истовремено да ја зајакне регионалната соработка.
септември 16, 2025