Connect with us

Општини

Штип ќе бира меѓу двајца кандидати за градоначалник

За претстојните Локални избори 2025 година за избор на градоначалник на Општина Штип има само двајца кандидати. Претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Виктор Вацев за МИА вели дека кандидати за градоначалници за Општина Штип се Иван Јорданов од ВМРО – ДПМНЕ и Павел Иванов од СДСМ.

Во законскиот рок пристигнати се и 11 листи за советници: СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, Левица, ЗНАМ, Група избирачи Раман Демиров, Група избирачи Енис Демиров, МААК, Демократска партија на Турците, Зелена иднина, Искуство за успех и Единствена Македонија.

Вацев вели дека во моментов Општинската изборна комисија ги формира 80 Избирачки одбори, кои треба да ги спроведат изборите на 80 Избирачки места на територија на Општина Штип. Избирачките избори ќе имаат нови претседатели, како и членови и нивни заменици, бидејќи на претходните состави им е поминат мандатот.