Connect with us

Општини

Со „Еферкланг Македониум бенд” во Кочани заврши дводневното Кино на отворено

На Летната сцена на ЦК „Бели мугри” во Кочани синоќа беше прикажан документарниот музички филм „Еферкланг Македониум бенд”, интересна приказна снимена во Македонија и режирана од данскиот музичар Андреас Јонсен.

Филмот е спонтан, без сценарио, дел од сцените се снимени во Скопје, финалето во Крушево, на споменикот Македониум. Главнаата улога, покрај музичарите од данскиот бенд, ја има Владица Младеновски – Грга, вработен во МКЦ во Скопје. Тој пристигна во Кочани на крајот од проекцијата на разговор со публиката.

-Филмот е снимен за седум дена, не е претенциозен. Соработката со „Еферкланг“ беше беспрекорна. Бендот од Данска претходно два пати свиреше во Скопје, во МКЦ, по што се договоривме  дека треба да продолжиме со документарен филм. Драго ми е што вечерва во Кочани имаше добра публика, овој простор е прекрасен за филмови на отворено. Се надевам дека ќе продолжимеа да соработуваме со Кочани и со вашиот Центар за култура и дека МКЦ за овде ќе понуди и други настани, рече за МИА Владица Младеновски – Грга, носител на главната улога во овој филм, кој премиерно беше прикажан во Данска минатата година и имаше меѓународен успех.

„Ефтеркланг Македониум бенд” беше последниот прикажан филм во дводневното Кино на отворено во Кочани, проект на Јуроп хаус реализиран од МКЦ во соработка со Кочани и ЦК „Бели мугри“.

Синоќа најпрвин беше прикажан краткиот филм „Човекот со чудна навика“ во режија на Вардан Тозија, а во петокот публиката ги проследи „Пепи и Муто“, краток филм во режија на Георги Унковски и „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески

Кино на отворено во Кочани е иницијатива на Јуроп хаус и е посветена на заедницата и младите во Кочани, како гест на поддршка и солидарност по трагичниот пожар во март  годинава.