Connect with us

Свет

Полска одобри присуство на странски војници во земјата во рамки на НАТО операција

Полскиот претседател Карол Навроцки денеска потпиша декрет со кој се дозволува присуство на странски воени лица во земјата во рамки на операцијата за заштита на воздушниот простор на НАТО на источното крило на Алијансата.

– Претседателот на Република Полска, Карол Навроцки, потпиша резолуција со која дава согласност за присуството на странски трупи од земјите членки на НАТО на територијата на Република Полска како засилување за Полска во рамки на операцијата ’Источна стража“, соопшти полското Биро за национална безбедност на X.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во петокот го објави почетокот на операцијата „Источна стража“ за заштита на воздушниот простор на источното крило на Алијансата, по активирањето на Член 4 поради навлегувањето на руски дронови во полскиот воздушен простор.