Култура
Објавен романот „Отпуштена од љубов“ од Благица Каревска

Популарниот роман „Во длабочината на моите рани“ од Благица Каревска, по интересот на читателите доживеа продолжние. Издавачката куќа „Панили“ го објави романот „Отпуштена од љубов“ во кој Каревска ја продолжува автентичната приказна на ликовите од својата дебитантска проза, соопшти „Матица македонска“.
-Повторно, пред читателската публика има книга со храбро поигрување со жанрот, со сижето и фабулата и пред сѐ поигрување со заплетите и расплетите, што до крај го држи читателот буден и активен во читањето, поттикнувајќи го да се соживее со трогателните настани од коишто е составен мозаикот на Каревска, до степен што и самиот ја презема улогата не само на „навивач“, туку и на соживувач со настаните. „Ова е книга за сите што барем еднаш му ја ставиле довербата во џеб на некој… Оној што подоцна го испрал џебот во жешка програма. Тука има солзи, но и шлаг. Има болка, но и зачинета одмазда. А љубовта? Па, таа е повеќе стенд-ап настап отколку романтична балетска сцена, напоменува самата Каревска, се наведува во соопштението.
септември 15, 2025