Сервисни информации
Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата за пиење во Скопје е безбедна и квалитетна, потврдува неделниот лабораториски извештај на ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Според анализите спроведени од Секторот за санитарна контрола во периодот од 9 до 12 септември 2025 година, сите испитани примероци одговараат на стандардите утврдени со Правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Во наведениот период биле земени 179 примероци за физичко-хемиска и 179 примероци за микробиолошка анализа од 54 различни мерни места низ градот.
Резултатите покажуваат дека ниту еден примерок не отстапува од пропишаните норми, што значи дека скопјани можат без грижа да ја користат водата од градскиот водовод.
Според добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
септември 15, 2025