Хроника
На ГП „Ќафасан“ уапсен македонски државјанин баран со меѓународна потерница за трговија со дрога

На граничниот премин „Ќафасан”, на албанско-македонската граница кај Струга, при излез од Албанија, уапсен е македонски државјанин, баран со меѓународна потерница за трговија со дрога, издадена од австриските власти.
„Како резултат на детални контроли и проверки при влез/излез, со цел сузбивање на нелегални дејствија на границата, како и приведување на барани државјани кои се обидуваат нелегално да се движат за да избегнат кривична одговорност, службите на граничната полиција од ГП „Ќафасан“ го приведоа на излез македонскиот државјанин М.Г.(29) жител на Велешта – Струга, Северна Македонија“, стои во полициското соопштение.
Се додава дека од извршените проверки и од информациите разменети со австриските партнери, преку Интерпол Тирана, произлезе дека тој е меѓународно баран од Интерпол Виена, Австрија како осомничен за сторено кривично дело „Трговија со дрога“. Интерпол Тирана, во соработка со колегите во Австрија, ги продолжува процедурите за екстрадиција на М.Г.
Пред три дена на истиот премин, при влез на албанска територија беше уапсен македонскиот државјанин Ф.А. (32), баран со меѓународна потерница издадена од Интерпол Визбаден/Германија за кривично дело „измама“.
септември 14, 2025