Connect with us

Свет

Шпанските власти предупредуваат на зголемен број авио-пратки со скриен експлозив

Шпанското Министерство за внатрешна безбедност денеска предупреди дека поради воената поддршка што Мадрид ѝ ја обезбедува на Украина значително се зголемил бројот на авио-пратки во кои се кријат експлозиви и запаливи направи, пренесуваат шпанските медиуми.

Во најновата Национална стратегија за безбедност во воздушниот простор, министерството наведе дека од минатата година, покрај кибер-нападите од проруски хакери, зголемен е и бројот на авио-пратки со скриен експлозив.

Како што предупреди министерството, станува збор за нов метод во „хибридната стратегија на непријателските актери“, кој претставува сериозна закана и растечки ризик за безбедноста на Шпанија.