Connect with us

Свет

Полска поради воената вежба „Запад-2025“ ја затвори границата со Белорусија

Во Белорусија и западна Русија денеска почнува заедничката воена вежби „Запад-2025“, што ќе траат до 16 септември.

Заедничката воена вежба на белоруската и руската армија ја зголемија загриженоста на источните земји-членки на НАТО – Полска, Летонија и Литванија. Поради „Запад-2025“ Полска синоќа ги затвори сите гранични премини со Белорусија.

Полскиот министер за внатрешни работи Марчин Киервински

на синоќешниот брифинг одржан во близина на границата со Белорусија, изјави дека воената вежба е директно насочена против Полска и Европска Унија.

Воената вежба „Запад“ се одржува на секои четири години, а Европа внимателно ја следи повеќе од една деценија.