Политика
Ковачки: По она што го видов во службите, ОЈО треба да се издига на клоци ако не покрене обвинение

После денешната посета, тоа што може да го заклучам е дека јавното обвинителство треба да се ,,издига на клоци”. Ценам дека имаме класични прекршувања на Законите и злоупотреби за кои досега морало да има обвинение! Мора да се расчисти со филм-мејкерите на чело со нивните наредбодавци. Холивуд може вода да носи!, посочува во соопштението пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Не смее да има застарување на предметите под плаштот на класифицираност на постапки, а не смее да има и јавно објавување и ,,забава за народ” заради легалноста на постапката!
Поради природата и сензитивноста на состојбите, имајќи во предвид дека сум обврзан, нема да зборувам повеќе.
септември 12, 2025