Connect with us

Свет

Трамп планира телефонски разговор со Путин во наредните денови

 Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека планира да има телефонски разговор со рускиот претседател, Владимир Путин, или оваа недела или почетокот на следната недела.

„Да, тоа ќе се случи“, изјави тој вчера пред новинарите, осврнувајќи се на можниот телефонски разговор со рускиот лидер, пренесе Би-Би-Си.

Трамп, исто така, објави дека е посветен на решавање на конфликтот во Украина.

Главната зграда на украинската Влада во Киев беше погодена од руска ракета во текот на викендот, за време на кој руските сили го извршија најтешкото воздушно бомбардирање на Украина од почетокот на војната.

Украина соопшти дека руските сили користеле најмалку 810 беспилотни летала и 13 ракети.

Зборувајќи со новинарите по бомбардирањето за време на викендот, Трамп рече дека „не е задоволен од целата ситуација“ и се закани со построги санкции врз Кремљ, пренесе Би-Би-Си.

Претседателите на Русија и САД се состанаа на 15 август во воена база во Алјаска, а како што објавија по разговорот, решавањето на украинскиот конфликт беше главна тема на самитот.с