Connect with us

Скопје

Општина Аеродром: Во тек целосна реконструкција на водоводна мрежа во Горно Лисиче

Во тек е целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица „Божидар Рајковиќ“ во Горно Лисиче, општина Аеродром, со што конечно ќе се реши повеќедеценискиот проблем со водоснабдувањето на околу 300 домаќинства, информираа попладнево од локалната самоуправа.

– Реконструкцијата опфаќа замена на старите и дотраени, со нови цевки Ф110 во должина од 1.000 метри, како и дополнителни приклучоци на мрежата. Старата водоводна мрежа со години предизвикуваше загуби на притисокот или прекини на водоснабдувањето, поради што дел од потрошувачите во одредени периоди од денот, често остануваа без вода, особено во летниот период. Токму со замената на цевките, жителите на овој дел од Горно Лисиче, конечно ќе имаат непречен пристап до вода, истакнаа од Општина Аеродром.

Како што појаснија, станува збор за капитален проект во висина од над 12 милиони денари, со поддршка од Владата