Connect with us

Свет

Запалена зградата на Парламентот на Непал

Стотина демонстранти против корупцијата денеска упаднаа во зградата на Парламентот во главниот град на Непал, Катманду.

Од зградата на Парламентот се издига густ чад и оган, а илјадници луѓе, и покрај полицискиот час, се на улиците во Катманду, но и во други градови. Се поголем број млади луѓе се придружуваат на протестите, а вооружената полиција се обидува да ги растера со солзавец.

Протестите и нападот врз Парламентот почнаа вчера поради што непалската Влада на 4 септември ги блокира на социјалните медиуми, меѓу кои Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб со образложение дека бидејќи компаниите не ги почитувале прописите.

Законот, што не е усвоен од Парламентот на Непал, беше широко критикуван како алатка за цензурирање и казнување на противниците кои ги изразуваат своите ставови преку интернет.

Претходно, демонстрантите го запалија домот на премиерот на Непал, К. П. Шарма Оли, кој денеска поднесе оставка. Демонстрантите ги запалија и домовите на министерот за внатрешни работи Рамеш Лека, лидерот на Комунистичката партија на Непал, Пушпа Камал Дахал, и приватно училиште во сопственост на министерката за надворешни работи Арзу Деуба Рана.