Connect with us

Свет

Врховниот суд на Тајланд го осуди Таксин Шинаватра на една година затвор

Врховниот суд на Тајланд денеска пресуди дека поранешниот премиер и милијардер Таксин Шинаватра мора да отслужи една година затвор.

Британските медиуми пренесуваат дека полицијата ќе го притвори Таксин, додавајќи дека пресудата е удар врз влијателното семејство кое со години доминира на политичката сцена во Тајланд.

Таксин Шинаватра беше 23-ти премиер на Тајланд, а неговиот мандат траеше од февруари 2001 до септември 2006 година, кога воената хунта го собори од власта со државен удар.