Connect with us

Хроника

Бронзени бисти одземени од Градските гробишта – Бутел

Две бронзени бисти биле одземени од Градските гробишта – Бутел. Случајот бил пријавен во полиција во текот на вчерашниот ден, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 10 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, 53-годишниот скопјанец А.Ј. пријавил дека во периодот од 7 јуни до 6 септември, од гробно место на Градските гробишта – Бутел, со употреба на физичка сила и погоден предмет, одземени биле две бронзени бисти, појаснија од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.