Регион
Студентски протест најавен во Белград – „Индексот е посилен од пендрекот“

Студентите во блокада на Универзитетот во Белград најавија за в понеделник протест под мотото – „Индексот е посилен од пендрекот“.
„Се запира в понеделник. Се гледаме“, порачаа студентите.
На социјалните мрежи, студентите објавија дека протестот почнува во 14 часот.
Тие објавија и илустрација од планот на протестот – првата точка е зградата на Владата на Србија, потоа Палатата на правдата, зградата на Одделот за обезбедување одредени лица и објекти и на крај Одделот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи.