Тенис
Сабаленка ја одбрани титулата на УС Опен

Најдобрата тенисерка на светот Арина Сабаленка успеа да ја одбрани титулата на УС Опен откако во финалето ја совлада Американката Аманда Анисимова. Таа беше подобра во два сета со 2:0 (6:3 и 7:6(3)) за да ја освои првата Грен слем титула во 2025 година или вкупно четврта во кариерата. За нејзината ривалка Анисимова ова беше второ Грен слем финале во 2025 година и повторно е поразена.
На почетокот на мечот тенисерката од Белорусија Саналенка имаше контрола и го доби воведниот сет со 6:3 во гемови. Со таквата игра продолжи и во вториот сет. Во два наврати имаше предност, но Американката успеваше да стигне до изедначување, па сетот беше решен во тај брејк. Сабаленка ја потврди доминацијата и го доби тај брејкот со 7:3 на поени и притоа има изгубено само еден тај брејк во 2025 година од 22 одиграни.
Вечерва во Њујорк се игра машкото финале меѓу Јаник Синер и Карлос Алкараз, а почетокот е во 20 часот по македонско време.
септември 8, 2025