Сервисни информации
Пожарот над скопски Раштак ставен под контрола, нема опасност по објектите

Пожарот над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора е ставен под контрола, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување. Досега не е зафатен ниту еден објект и нема опасност по објектите.
Во гаснењето учествуваа пожарникари од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје и тим од Дирекцијата за заштита и спасување, а се делуваше и од воздух со два „ер трактора“ и еден полициски хеликоптер.
Пожарот изби попладнево, а чадот се гледаше од поголем дел од Скопје.
септември 8, 2025