Формула 1
Нова победа за Верстапен

Возачот на Ред Бул Макс Верстапен триумфираше на Големата награда на Италија. Тој попладнево на патеката Монца беше во водство од почетокот до крајот на трката, особено што стартуваше од пол позицијата.
Со денешниот триумф тој ја намали разликата во однос на водечките двајца возачи во генералниот пласман од Мекларен. Второто место го освои Британецот Ландо Норис, додека водечкиот во генерален пласман Оскар Пјастри од Австралија трката ја заврши на третото место.
Најинтересен беше делот меѓу 47.миот и 49.тиот круг кога Пјастри беше повикан својата позиција да му ја препушти на Норис, така двајцата да останат во понеизвесна трка за првото место во генералниот пласман.
Домашната публика остана разочарана бидејќи возачите на Ферари останаа без подиум, Шарл Леклерк го освои четвртото место, а Луис Хамилтон заврши на шестото место.
Ова за Верстапен беше 66.та победа во кариерата, а трета во оваа сезона.
Следната трка за две недели ќе се вози во Азербејџан по улиците на Баку.
септември 8, 2025