Connect with us

Општини

Кавадарци се збратими со Тиват

Општина Кавадарци и црногорската општина Тиват се збратимија. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и градоначалникот на Тиват, Жељко Комненович попладнево го потпишаа меморандумот за збратимување. 

– Со овој меморандум двете страни се обврзуваат да ја зацврстат соработката меѓу локалните самоуправи, туризмот, младите, спортот, културата, земјоделството и економските односи, во согласност со законските надлежности и почитување на законите на двете држави, истакна Јанчев. 

Задоволство од настанот изрази и гостинот од Црна Гора. 

– Постојат бројни шанси за соработка и развој и се надевам дека ќе ги искористиме тие шанси, подвлече Комненович.