Општини
Изложба на олдтајмери во Кавадарци

Изложба на олдтајмери се реализира денеска во центарот на Кавадарци, во рамките на тридневната стопанско – туристичка и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“, во организација на кавадаречката локална самоуправа.
Кирил Димитров Урошев, претставник на авто – мото клубот што ја реализира изложбата, појасни дека досега биле пријавени 67 автомобили од разни краеви на државата, а во текот на денот, бројката на изложени примероци, можела и да се зголеми.
Сите учесници, љубители на автомобили, кои посветено и со многу љубов се грижат за нив, добиваат признание за зачувување на културното наследство, бидејќи овие автомобили се своевиден дел од културното наследство. Тие говорат за тоа, како се движеле културата и развојот на автомобилизмот, подвлече тој.
септември 8, 2025