Фудбал
Елмас: Ние секогаш играме да победиме

Македонскиот фудбалски тим вечерва успеа да оствари убедлива победа од 5:0 против Лихтенштајн. Со новите три бодови нашиот тим сега е на чело на табелата. На овој дуел сите пет голови ги постигнаа пет различни играчи.
– Среќен сум за победата. Најважно е што ги освоивме бодовите на овој натпревар и заслужено победивме со 5:0. Ние секогаш кога играме, играме да победиме и со тоа да го оствариме нашиот сон. Сакам да играме на Европско првенство, на Светско првенство, да напредуваме и да бидеме идоли на некои нови млади деца и да бидеме поттик за нив, изјави стрелецот на првиот гол на денешниот дуел Ељиф Елмас.
Следен противник на нашата репрезентација е Белгија на 10.октомври на гостински терен
септември 8, 2025